Битолски Еурофарм Пелистер со победа го отвори плеј-офот во домашното првенство. Три дена после поразот од Татабања, битолскиот тим го совлада Тиквеш во првото коло од плеј-офот со 30:25.
Од почетокот Еурофарм Пелистер го имаше водството иако не успеваа да направат поголема разлика. Кавадарчани добро се држеа и имаа солиден отпор, на полувреме се замиан со 15:11.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И во продолжението во вториот дел Е.Пелистер успешно ја одржуваше предноста од 4-5 гола, во еден момент стигнаа и до плус 8. (50. минута). Во последните десетина минути натпреварот рутински беше приведен кон крајот.