Дома Трансфер зона Се чека само промоција: Стерлинг ги поминал медицинските прегледи во Челзи

Се чека само промоција: Стерлинг ги поминал медицинските прегледи во Челзи

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг ќе ја продолжи кариерата во Челси, откако реши да го напушти Манчестер сити бидејќи не ја добива посакуваната минутажа.

Веќе неколку недели англиските медиуми пишуваат за тоа дека Стерлинг речиси сигурно ќе потпише со Челзи, а денеска ги поминал и медицинските прегледи, по што треба да се случи само негова промоција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стерлинг се договорил за соработка до 2027 година со опција истата да биде продолжена за уште една сезона, а Челси за неговите услуги ќе треба да плати околу 55 милиони евра.

Овој 27-годишен фудбалер играше за „граѓаните“ седум години и притоа настапи на 339 натпревари и постигна 131 гол, а претходно го носеше дресот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го најде наследникот на Жиру

„Росонерите“ веќе почнаа да работат на засилувањата за следната сезона и позната е најголе…