Леброн Џејмс сака да собере супер тројка во Лос Анџелес.
Успеаа ЛА Лејкерси да го доведат Ентони Дејвис, се обидоа уште во февруари, но не успеаа, а ова лето успеаа да пронајдат заеднички јазик со Њу Орлеанс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Лејкерси ќе се обидат да доведат и трета ѕвезда.
Се пишуваше за Д’Aнџело Расел, Кајри Ирвинг и Кемба Вокер, а сега уште едно име се појави во игра.
Според новинарите информации на новинарот на „ЕСПН“, Марк Штајн шансите Лејкерси да го доведат Каваи Леонард нагло пораснале.
Имено, Штајн верува дека Лејкерси сега се најголема закана за Рапторси. Во Лос Анџелес успеаа да ослободат простор за уште еден максимален договор и ќе му го понудат на Леонард.
Леонард ќе разговара и со Рапторси со кои го освои НБА прстенот и титулата најкорисен играч во финалето пред само неколку недели, но и со уште еден тим од Лос Анџелес, Клиперси.
Тројката Леброн, Ентони Дејвис и Леонард звучи навистина фантастично, а дали ќе се оформи ќе покаже времето.