Дома Трансфер зона Се сеќавате на браќата Рафаел и Фабио Да Силва? Повторно би можеле да играат во ист клуб

Се сеќавате на браќата Рафаел и Фабио Да Силва? Повторно би можеле да играат во ист клуб

Се сеќавате ли на браќата Рафаел и Фабио Да Силва? Како тинејџери овие двајца фудбалери важеа за големи таленти, двајцата во 2008 година ги доведе Сер Алекс Фергусон, меѓутоа ниту едниот, ниту другиот не направија кариери какви што се очекуваше.

Нивните фудбалски патишта во меѓувреме се раздвоија. Рафаел од „Олд Трафорд“ премина во Лион каде што игра и денес, додека Фабио преку послабите тимови во Премиер лигата и Чемпионшип дојде до Нант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На двајцата договорите им истекуваат на крајот на следната сезона и се отвара прилика повторно да делат иста соблекувалната. Двајцата браќа во своите редови сака да ги види Ботофаго од Рио Де Женеиро.

Интересот го потврди и претседателот на бразилскиот прволигаш, Рикардо Ротенберг.

Ботофаго инаку има високи амбиции кога во прашање е преодниот рок. На нивната листа желби се играчи како Арјен Робен, Џон Оби Микел, Јаја Туре…

Дали ќе успеат во своите намери и планови останува времето да покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…