Дома Фудбал Се сеќавате ли кога последен пат Шпанец беше најдобар стрелец во Ла Лига?

Се сеќавате ли кога последен пат Шпанец беше најдобар стрелец во Ла Лига?

Со години наназад во Шпанија главниот збор го водеа Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Се појасно станува дека и оваа сезона Меси ќе биде најдобар стрелец бидејќи во овој момент има 33 првенствени гола, дури 12 повеќе од својот соиграч Луис Суарез, а до крајот остануваат само уште четири кола.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На листата стрелци оваа сезона Шпанец нема во врвот, дури шести е Иаго Аспас од Селта, а пре днего се Карим Бензема, Стуани и Бен Једер. Двајца Французи и Уругваец.

Од поодамна Шпанците не ја добиваат наградата за најдобар стрелец во лигата. Поточно 11 години.

Диего Форлан, Луис Суарез и осум пати комбинирано Меси и Роналдо ја освојуваа оваа престижна награда во изминатите години, а пред тоа во 2008 година еден Шпанец ја освои „Златната копачка“.

Станува збор за Дани Гуиза, кој како играч на Мајорка таа сезона беше најдобар стрелец во шампионатот. Се поставува прашањето уште колку време ќе помине за некој од шпанските играчки во домашното првенство да биде најдобар стрелец. Додека е Меси тука тешко.,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…