Дома Фудбал Останато Се појави нов голман голгетер: Најдобар стрелец е на својот тим, а реализира и со „паненка“!

Се појави нов голман голгетер: Најдобар стрелец е на својот тим, а реализира и со „паненка“!

Вообичаено голманите имаат задача само да го бранат својот гол, но низ историјата се појавиле и голмани кои биле одлични стрелци како: Рожерио Сени, Рене Игуита, Хорхе Кампос, Хозе Луис Чилаверт…сега на сцена стапи нов чувар на мрежата кој често погодува.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, 33-годишниот Тијаго Волпи на голот во мексиканскиот тим Депортиво Толука добива шанса да покаже што знае и во моментов е прв стрелец на својот тим што е поразително за останатите негови соиграчи.

Сезонава Волпи на 17 натпревари постигна шест гола од белата точка и е најдобар стрелец на тимот. Зад него со по пет гола се Роберт Моралес и Хуан Пабло Домингес. Дека е и тоа како сигурен во своите реализаторски способности покажува и голот со „паненка“ од пред седум месеци.

Интересно е што шанса да изведува пенали доби по доаѓањето во Толука, претходно во кариерата имаше постигнато само еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зборови кои сите ги чекаа, Симеоне го спореди Алварез со Гризман

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повторно истакна дека смета на Хулијан Алварез…