Иако шпанските медиуми на големо шпекулираа дека Зинедин Зидан би можел да заработи отказ на крајот од сезоната, сепак Французинот можеби и ќе остане на клупата.
Зидан тренерската епизода на „Бернабеу“ ја стартуваше навистина успешно, меѓутоа оваа сезона „кралевите“ прерано останаа без шанси да ја освојат лигата што беше разочарување за сите во Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак и покрај тоа Зидан ужива голема доверба во Реал, а за неговата иднина во мадритскиот клуб зборуваше новинарот од Мадрид, Едуардо Инди, кој вообичаено е добро упатен со случувањата во шпанскиот гигант.
“Ова се најновите информаиции. Реал Мадрид има тренер за наредната сезона и тоа е Зидан, дури и ако Реал не ја освои Лигата на шампионите тој ќе остане на клупата“, откри Инда и додаде:
„Во анкетата која ја спроведе Реал Мадрид 90% од навивачите изразија желба Зидан да продолжи со работата. Сите и понатаму му веруваат и неговата иднина во клубот воопшто не е доведена во прашање“, заврши Инда.