Дома Фудбал Се зголемува бројот: Осми Италијанец позитивен на коронавирус

Се зголемува бројот: Осми Италијанец позитивен на коронавирус

Фудбалерот на Аталанта Матео Песина е заразен со коронавирус, соопшти денес неговиот клуб.

Играчот за врска добил позитивен тест на коронавирус, засега без симптоми и се наоѓа во изолација, пренесуваат италијанските медиуми. Песина така е осмиот играч кој е заразен после враќањето од натпреварот со репрезентацијата на Италија.

Пред него позитивни се вратија Леонардо Бонучи и Федерико Бернардески од Јувентус, Марко Верати и Алесандро Флоренци од ПСЖ, Виченцо Грифо од Фрајбург, Алесио Крањ од Каљари и голманот на Торино Салваторе Сиригу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…