Дома Трансфер зона Се е готово: Трансферот на Џеко е само прашање на време!

Се е готово: Трансферот на Џеко е само прашање на време!

Босанскиот репрезентативец изгледа и дефинитивно се сели во Интер.

„Скај Спорт“ објави дека Рома ја прифатила понудата и сега се очекува сагата да биде завршена и Џеко да се пресели на „Џузепе Меаца“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Римјаните чекаа долго, а на крајот ја прифатиле понудата од Интер. Рома како оштета ќе заработи 10 милиони евра и младиот напаѓач Едоард Вергани.

Вергани има 18 години и беше предложен на Сасуоло во склоп на договорот околу Сенси. Меѓутоа место во Вергани, Интер во договорот за Сенси ќе го вклучи 19 годишниот Андреу Адоранте.

Како што се тврди, патот на Џеко кон Интер сега е целосно отворен и само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда.

Ќе потсетиме, Џеко е голема желба на новиот тренер на Интер, Антонио Конте. „Кориере дело Спорт“ го надополни „Скај“ и порача дека трансферот сигурно ќе биде завршен во текот на оваа недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…