Дома Фудбал Англија Се е во ред со Кутињо, но нема да го видиме против Сити

Се е во ред со Кутињо, но нема да го видиме против Сити

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека очекува интересен меч против Манчестер Сити и најави дека во екипата повторно нема да биде Филипе Кутињо.

„Сити е исклучително силен и не смееме да им дозволиме да прават што сакаат. Двете екипи се силни во контранападите. Ќе биде навистина интересен меч и навистина уживам во подготовката“, истакна Клоп, пренесуваат британските медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул утре од 13:30 гостуваат кај Сити во рамки на четвртото коло од ПЛ.

По три одиграни кола, Ливерпул е втор на табелата со седум бодови, колку што има и Сити на четвртата позиција.

Филипе Кутињо повторно нема да биде во тимот на Ливерпул иако играше за Бразил во текот на репрезентативната пауза.

„Имавме добар разговор. Беше добро располоѓен и уште подобро тренираше. Но, морам сам да донесам одлука. Во следните три недели имаме седум натпревари. така што нема да има многу време за тренинг“, истакна Клоп.

  1. „Пред да замине за Бразил, тој не тренираше околу три недели. Тоа значи дека мораме да се подготвиме за продолжението на сезоната, што е прилично тешко со нашиот распоред. Затоа одлучив да го изоставиме од екипата за Сити. Можеше да игра 15 или 20 минути, но мислам дека тоа нема никаква смисла. И тој се согласи со тоа. Беше добар разговорот“, заклучи германскиот стратег.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…