Српскиот фудбалер Адем Љајиќ ќе го напушти Бешикташ во јануари и е во потрага по нов клуб, пренесуваат италијанските медиуми.
Поранешниот српски репрезентативец е надвор од плановите во Бешикташ. Не се вклопи во идеите на Јалчин, а истото го очекува и кај привремениот менаџер Ундер Каравели кој ќе го води тимот до крајот на сезоната. Поради тоа Љајиќ е во потрага по излезе од црно-белиот табор и веќе им порачал на своите претставници да му пронајдат нова средина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно контакти имало со Болоња и Џенова, но засега немало одговор. Михајловиќ и Љајиќ се во добар однос со Михајловиќ, двајцата имаа одлична соработка во Торино во периодот кога Љајиќ играше одличен фудбал.
Инаку, сезонава Љајиќ не настапи на ниту еден натпревар во дресот на Бешикташ.