Дома Тенис Сефте трофеј на трева за Французинот: Пуј победник на турнирот во Штутгарт

Сефте трофеј на трева за Французинот: Пуј победник на турнирот во Штутгарт

Французинот Лукас Пуј го освои првиот шампионски трофеј во својата кариера на турнир на трева.

Пуј вчера во финалето на АТП турнирот во Штутгарт, Германија, го совлада Фелисијан Лопез (Шпанија) со 2-1. По нешто повеќе од два часа игра.

Шпанскиот тенисер го доби првиот сет со 6:4, Пуј изедначи во вториот сет во кој се играше тај-брејк (7:6), а во решавачкиот беше 6:4.

За Пуј ова е трета титула во кариерата, по триумфите во Мец и Будимпешта мината година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Промена на патот на Ѓоковиќ во Базел: Бублик се повлече, Руд е новата закана

Повредата на Бублик го промени делот од ждрепката на Ѓоковиќ во Базел. Србинот ќе стартува…