Дома Фудбал Сетиен ја тужи Барса за 4 милиони евра

Сетиен ја тужи Барса за 4 милиони евра

По дебаклот во Лигата на шампиони на крајот на минатата сезона, управата на Барселона реши да му даде отказ на тренерот Кике Сетиен.

Шпанските медиуми објавија дека Барселона сака да го раскине договорот со Сетиен, но тоа скапо ќе ги чини Каталонците.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најпрво „Мундо Депортово“ објави дека двете страни се договориле Барса да му исплати отштета од 10 милиони евра, но Сетиен бара 4 милиони повеќе.

Поради тоа Сетиен тужба против каталонскиот клуб, пишува „АС“. Адвокатите на тренерот ќе објават соопштение до медиумите во наредните часови.

Проблемите помеѓу „Лос Кулес“ и поранешниот тренер нема да го спречат Роналд Куман да ја предводи Барселона на првиот официјален натпревар во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Максимир“ заминува во историјата: Динамо Загреб добива модерен стадион!

Веќе години наназад загрепскиот “Максимир” не е во најдобра состојба. Некои го…