Дома Фудбал Германија Сетиен му одговори на Матеус: Одличен е Левандовски ама не е како Меси

Сетиен му одговори на Матеус: Одличен е Левандовски ама не е како Меси

Пред натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Баерн тренерот на Каталонците Кике Сетиен изјави дека очекува неизвесен натпревар и дека двете екипи ќе сакаат да имаат поголем посед на топка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона дојде во Лисабон после победата против Наполи од 3:1 во реваншот од осминафиналето, додека Баерн убедливо го елиминираше Челзи.

„Добро сме, ова e натпреварот кој го чекавме. Се спремивме добро, сите сме задоволни што Дембеле е на списокот и мислам дека ќе може да настапи“, изјави Сетиен па одговори на изјавата на Матеус дека Левандовски во овој момент е најдобриот играч во светот.

„Левандовски е одличен фудбалер, но не е на ниво на Меси. Јасно е дека е во одлична форма и дека му помагаат соиграчите. Го видовме Лео против Наполи, добро е што можеме да уживаме со такви играчи“, порача Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Баркoла во англискиот великан за 80 милиони евра!

Според британските медиуми, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Бредли Баркола, ќе го напушти ак…