Дома Фудбал Германија Maтеус: Левандовски е подобар од Меси, Барса не ме плаши

Maтеус: Левандовски е подобар од Меси, Барса не ме плаши

Како што е веќе познато завршницата во Лигата на шампионите ќе се игра во Лисабон, а оваа недела на распоред се натпреварите од четвртфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веројатно најголемото дерби во четвртфиналето се игра во петок кога ќе се сретнат Барселона и Баерн кои во претходните години знаеле да одиграат спектакуларни натпревари во најелитното европско натпреварување.

Многумина сметаат дека Баерн е во подобра форма оваа сезона и дека се фаворити во овој дуел. Сепак, јасно е дека Барселона никогаш не смее да се отпише.

Лотар Матеус верува дека Баерн има поголеми шанси и затоа што според него Роберт Левандовски во овој момент е најдобриот играч во светот.

Меси ќе игра против најдобриот во светот, а тоа е Роберт Левандовски. Тој не е само најдобар напаѓач туку општо најдобар играч во светот што значи дека е подобар и од Меси затоа Барса не ме плаши“.

„Барселона која денес ја гледаме не е тимот од пред неколку години. Секако тие го имаат Меси кој секогаш може да направи нешто специјално, но верувам дека Баерн ќе победи во овој натпревар“, изјави Матеус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Потресни сцени по натпревар: На селекторот на ДР Конго му беше соопштена ужасна вест

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго Себастијан Десабр го доживеа исклучително тежок…