Дома Фудбал Сетиен за ситуацијата со Меси и Абидал: Тоа мене не ме интересира

Сетиен за ситуацијата со Меси и Абидал: Тоа мене не ме интересира

Барселона во овие моменти ја тресе вистинска криза.

Лео Меси јавно му одговори на Ерик Абидал, а шпанските медиум дури и пишуваат дека Абидал е пред отказ бидејќи го налутил Меси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Кике Сетиен на конференцијата пред утрешниот натпревар во шпанскиот куп се обиде да ги остави тие работи на страна.

„Тоа е работа која не ме допира и не влијае на мене. Јас сакам да се фокусирам само на фудбалот. Единствената работа која ме интересира во клубот е како овој тим да го направам подобар. Знам дека секој клуб во светот има проблеми, постојат работи кои не можете да ги контролирате. Би ве замолил со мене да зборувате за фудбалот“, изјави Сетиен.

Ќе потсетиме пред драмата со Меси и Абидал Барселона се соочи со повредата на Осман Дембеле кој како и Суарез ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…