Во Барселона има некои проблеми, а тоа стана јасно кога Меси јавно му одговори на Ерик Абидал кој ја извршува улогата на спортски директор.
„Голем број играчи не беа задоволни под водство на Валверде, а неговото заминување беше извесно во времето на Ел Класико“, изјави Абидал во интервју за „Спорт“. Тие негови зборови го налутија Лео Меси кој се огласи преку неговиот Инстаграм.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кога се споменуваат играчи, треба да се дадат конкретни имиња затоа што ако не се дадат се фрла дамка на сите нас. Управата мора да превземе одговорност за своите чекори“, му одговори Лео.
Претседателот на Барселона Хозе Марија Бартомеу брзо реагираше и го повика Абидал на разговор. Повикувањето на разговор на Абидал, а не на Меси јасно покажува кој има пол-позиција. Можеме да кажеме и очекувано кога е Меси во прашање. Реално, се добива впечаток дека Меси во Барселона има поголемо влијание дури и од претседателот.
Бартомеу овие денови не бил во Каталонија, но ќе се врати побрзо од планиранот за да го одржи состанокот со Абидал. Медиумите во Шпанија наведуваат дека му се заканува отказ.
Оваа негова непромислена изјава и влегувањето во конфликт со Меси може да биде капката која ја прелива чашата. Во Барселона му замеруваат што не успеа да доведе напаѓач кој ќе го замени Суарез, а ситуацијата се влоши кога вчера беше потврдено дека сезоната е завршена и за Дембеле. Исто така сакаше да се ослободи од Рактиќ, меѓутоа не успеа затоа што не постигна договор за цена.
Многу добро и јавноста знае како поминуваа сите во Барселона кои ќе го налутеа Меси…