Кристиано Роналдо вчера се најде во центарот на вниманието откако беше објавено дека е позитивен на коронавирус.
Роналдо требаше вечерва со репрезентацијата на Португалија да игра против Шведска, но остана во шок кога беше објавено дека е позитивен на Ковид-19. Веднаш мораше според правилата да оди во изолација, а вечерва пристигна во Торино каде што чека карантин од најмалку 10 дена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако беше објавено дека Роналдо е позитивен се огласи неговата сестра Катја Авеиро која многумина ги шокираше со својата изјава.
„Верувам дека денес илјадници луѓе кои веруваат во оваа пандемија после денешното тестирање ќе сфатат дека тоа е најголемата измама во историјата. Очигледно Кристиано Роналдо е тој кој мора на целиот свет да му ги отвори очите. Него Бог го испрати многу да направи. Многу повеќе од овој циркус, луѓе ве молам отворете ги очите“, напиша Катја Авеиро на Инстаграм.