Дома Фудбал Серија А донесе револуционерен закон!

Серија А донесе револуционерен закон!

Италијанската фудбалска федерација даде согласност на клубовите од Серија А да можат да стават спонзор на левиот ракав на своите дресови.

До сега тоа не беше дозволено од страна на Федерацијата, а тимовите на десниот ракав ќе продолжат да го носат логото од Серија А.

Сега секој клуб од Серија А може да на својот дрес да носи до 5 спонзорски имиња. Со ова решение италијанскиот фудбал го следи примерот на Премиер лигата, Примера, Бундеслигата и Лига 1.

Ова значително ќе ги зголеми приходите од спонзори кај италијанските клубови. Моментално лидер е Јувентус кој годишно инкасира 20 милиони евра, па следи Милан со 18 милиони и Сасуоло со 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го следи со месеци, Флик го сака во Барса: Штутгарт бара 40 милиони за Јелч

Фин Јелч е на радарот на Интер и Барселона, но Штутгарт поставува висока цена. Миланскиот …