Дома Фудбал Останато Денес е ден за фудбалските гурмани: Дерби натпревари – насекаде!

Денес е ден за фудбалските гурмани: Дерби натпревари – насекаде!

По речиси двонеделната пауза на првентвата ширум Европа, викендов продолжуваат фудбалските возбудувања. И не можеше да посакаме подобро продолжение на шампионатите. Се играат дерби натпревари насекаде.

Во продолжение да ги видиме најинтересните средби викендов, а она што е особено интересно – сите натпревари се играат во сабота.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Серија А се играат две крајно интересни средби, но одиме прво со големото дерби Интер – Милан. Битката за Милано е секогаш привлечна и не треба да се трошат зборови за ривалството на двете екипи, на навивачите, на градот кој е поделен на црвена и плава боја за време на дербито. Овој пат, двете екипи најавија атак на првото место, симнување на Јуве од тронот, а евентуалниот победник на овој меч, ќе добие ветер во грб за исполнување на целта. Интер се соочува со проблеми, откако неколку фудбалери добија позитивни резултати на Коид-19, но тоа воопшто не ја намалува заинтересираноста за мечот.

Второто дерби во Неапол меѓу Наполи и Аталанта мислам дека ќе биде поинтересно за гледање, од една единствена причина – офанзивниот пристап и ефикасноста на екипите. Кога сме кај ефикасноста, тоа особено важи за Аталанта која втора сезона по ред ги игра едни од најефикасните натпрвари во Европа. На нивните три меча сезонава паднаа вкупно 18 голови, или во просек по шест на натпревар и тоа говори само по себе за екипата.

И во Премиер Лигата нима градско дерби. Се игра едно од најголемите и најстари дерби натпревари на островот, Евертон – Ливерпул. Ова дерби, односно битката за градот на Битлси секогаш привлекува големо внимание и навистина е голема штета што овој пат ќе се игра без публика.

Во второто дерби во Англија, Манчестер Сити е домаќин на Аренал во меч кој е од голема важност и за двете екипи. Арсенал тргна со три победи и пораз, додека Сити е очаен. Гвардиола очигледно дека има нерешени проблеми уште од минатата сезона, па стартуваше со победа, реми и пораз. Сега Сити е пред императив да победи на овој меч, во спротивно ќе ги загубат шансите за титула уште сезоната пред да почне како што треба. Но ќе бидат без Агуеро и Габриел Хесус, а Артета се надева дека ќе го искористи тоа и ќе остане непоразен.

Во Германија има неколку интересни натпревари, но сепак овој викенд кај нив нема големо дерби. Најинтересен се очекува да биде натпреварот меѓу Хофенхајм и Борусија Дортмунд. Двете екипи имаат по две победи и еден пораз и се одлично напаѓачки расположени. Ќе се игра крајно офанзивен фудбал без премногу штедење, а кога се игра така доаѓаат и головите.

Дерби ќе следиме и во Португалија каде Спортинг во Лисабон е домаќин на Порто. Ако се суди според стартот на сезоната, ќе следиме една крајно неизвесна сезона во Португалија, а овој меч може да даде одговори на многу прашања, особенно ако Порто не успее да слави победа. Минатото коло Порто киксираше на домашен терен со Маритимо, а Спортинг има две стартни победи. По традиција паѓаат голови на меѓусебните дуели на овие две екипи, но сега очекувам еден различен меч со многу тактика.

Во Шкотска пак се игра најголемото дерби во земјата, Селтик – Глазгов Ренџерс. МНогу пати до сега меѓусебните дуели го одлучувале шампионот, па можно е така да биде и овој пат. Од таа гледна точка, мечот е од огромна важност. Ренџерс има еден бод повеќе но и натпревар повеќе од Селтик. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…