Дома Трансфер зона Сензационален трансфер ја размрда Европа: Се подготвува најголемото враќање во историјата на фудбалот!

Сензационален трансфер ја размрда Европа: Се подготвува најголемото враќање во историјата на фудбалот!

Арсенал вчера изненадувачки беше поразен против Вотфорд, па така „Топчиите“ се уште не знаат за гостински триумф оваа сезона во шампионатот.

Арсен Венгер речиси сигурно на крајот на сезоната ќе го напушти лондонскиот клуб, но сега мора да спасува. Британскиот „Express“ експлозивно јавува дека Французинот е подготвен да му прости на својот заборавен „син“ и повторно да го врати на „Емирати“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Цеск Фабрегас игра речиси стандардно во Челзи, но Антонио Конте не е презадоволен од изведбата на поранешниот ирач на Арсенал. Подготвен е да им даде повеќе шанса на дуото Бакајоко – Канте, па детето на Барселона би можело повторно да заврши во Арсенал.

Наводно, Венгер веќе ја именуваше улогата на Месут Озил, кој е на удар од навивачите и со една нога е надвор од клубот. Во прилог може да оди и тешката повреда на Санти Казорла, па токму Цеск би можел да ги влече сите конци во играта на Арсенал.

Најважната работа е дека Челзи е подготвен уште оваа зима да го продаде, единствено е прашањето дали ќе попушти за цената, бидејќи станува збор за директен конкурент и голем градски ривал. Потсетуваме, Фабрегас е дете на Барселона, а Венгер го доведе како 16-годишен во Арсенал и од него направи еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Шпанецот се врати во својата Барселона летото 2011. година за 35 милиони евра, но Луис Енрике го продаде во август 2014. година на Челзи за 30 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…