Ромелу Лукаку може да направи сензационален трансфер од Челзи во Тотенхем, тврди „Газета дело Спорт“.
Белгиецот направи голем скандал откако изјави дека не е среќен во Челзи и дека не му одговара тактиката на тренерот Тухел.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лукаку поради тоа беше исфрлен од тимот, иако Челзи пред неколку месеци за неговиот потпис му плати на Интер 115 милиони евра. Дури и дел од соиграчите му го свртеле грбот на напаѓачот, па не се исклучува негов трансфер.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Лукаку притиска за трансфер во Тотенхем, каде повторно ќе соработува со Антонио Конте.
Под палката на Италијанецот Лукаку ги одигра најдобрите сезони и се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот, па сака повторно да соработува со Конте.