Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Франција за првпат се огласи по намалувањето на суспензијата на Погба

Селекторот на Франција за првпат се огласи по намалувањето на суспензијата на Погба

Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам се огласи за првпат откако беше потврдено дека казната на Пол Погба е намалена и тој ќе може да се врати на теренот.

На 4 октомври, Судот за спортска арбитража ја намали суспензијата за допинг на Погба од четири години на 18 месеци и тој ќе може да игра официјални натпревари од март.

„Тој ќе мора да помине низ различни фази, но секако е одлично што се враќа на терените. Повторно во неговиот тунел се појавува светло“, изјави Дешам,

Погба, одигра 91 натпревар за француската репрезентација и постигна 11 голови, Последниот натпревар во францускиот дрес го одигра во март 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Астон Вила – Пристигнува напаѓачот на Пари Сен Жермен за 55.000.000 евра!

Голем потег на Астон Вила. По заминувањето на Оли Воткинс, клубот мораше брзо да реагира и…