Дома Останати Кошарка Селекторот го ослободи Тревис за мечот со Унгарија

Селекторот го ослободи Тревис за мечот со Унгарија

Македонската кошаркарска репрезентација без натурализираниот Ромео Тревис ќе го одигра последниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство против Унгарија.

Ромео Тревис, најавен како големо засилување за националниот тим, не успеа да направи разлика во играта под обрачите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американецот, побарал од селекторот Драган Раца да биде ослободен од обврските за последниот меч, бидејќи сакал да го види семејството во САД, пред да му се приклучи на италијански Канту чии дрес ќе го носи во престојаната клупска сезона.

Тревис на петте натпревари кои ги одигра во „црвено-жолтиот“ дрес во просек имаше учинок од 10,8 поени, 7 скокови и 3,2 асистенции.

Останува нејасно зошто селекторот му дозволи на Тревис да замине, бидејќи иако Македонија ги загуби шансите за пласман на Европското првенство, натпреварот во Унгарија е исклучително значаен од причина што постојат комбинации кои во случај на пораз репрезентацијата би ја вратиле во Б дивизијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…