Дома Македонски спорт Седлоски потврди: Среќен сум што се враќам во Динамо!

Седлоски потврди: Среќен сум што се враќам во Динамо!

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија и човекот кој го предводеше Вардар во историскиот двомеч со Фенербахче, Гоце Седлоски ги потврди најавите дека оди во Загреб да го води вториот тим на Динамо.

Седлоски дресот на Динамо го носеше шест ипол години, а беше и капитен на хрватскиот гигант. Сега во клубот се враќа со нова улога.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Можам да потврдам дека ќе го водам вториот тим на Динамо. Моја желба беше да се вратам и да работам во Динамо, сега тоа ми се исполни. Сите знаат колку го сакам Загреб и мило ми е што се враќам. Не знам кога точно ќе дојдам во Загреб, таму имам стан. Се зависи од ситуацијата со коронавирусот“, изјави Седлоски за хрватските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…