Македонскиот стратег Гоце Седлоски денес ќе го одработи првиот тренинг на кормилото на Широки Брег, пренесуваат босанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поранешниот капитен на македонската репрезентација пред неколку дена беше именуван за нов тренер на босанскиот прволигаш, меѓутоа денес и официјално ќе ја преземе должноста и ќе го одработи првиот тренинг.
Седлоски веднаш ќе започне со припрема за големото дерби против Зрински, кое ќе се одигра веднаш после репрезентативната пауза, поточно на 15-ти септември во Мостар.
Македонскиот стратег веќе имаше прилика да го гледа својот нов тим минатиот викенд, кога Широки Брег беше поразен од Железничар со 3:0.
Седлоски со босанскиот клуб потпиша двегодишен договор, а финансиските детали не се познати.