36-годишниот Патрис Евра и официјално се врати во Премиер лигата и го облече дресот на Вест Хем.
Францускиот интернационалец, кој беше слободен агент после раскинувањето на договорот со Марсеј, потпиша договор до крајот на сезоната со Вест Хем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интерес за Евра покажа и Евертон, но искусниот лев бек ја прифати понудата на Вест Хем и повторно ќе соработува со Дејвид Мојс.
„Многу сум среќен што ќе бидам дел од Вест Хем и што се враќам во Премиер лигата. Неверојатно е чувството повторно да бидам дел од најдобрата лига во светот. Му благодарам на Вест Хем што ми ја даде таа можност“, изјави Евра.
We love this game! #ForEvraBlowingBubbles pic.twitter.com/UugpXaL6um
— West Ham United (@WestHamUtd) February 7, 2018