Шведскиот репрезнетативец со македонско потекло Дејан Колушевски не е задоволен во Јувентус и во јануари најверојатно ќе ја промени средината.
Кулушевски оваа сезона не добива голема минутажа од Алегри и побара од раководството трансфер во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус е во потрага по класичен напаѓач и е спремен да го „жртвува“ Кулушевски, па е спремен да слушне понуди во јануари.
Швеѓанецот со македонско потекло има само 21 година и сака да се пресели во средина каде што ќе има голема минутажа.
Најсилен интерес за него покажува Севиља која веќе започнала преговори со Јувентус. Шпансккиот клуб го сака Кулушевски на позајмица со право на откуп на лето.
🚨 Sondaggio del #Siviglia per #Kulusevski: gli spagnoli propongono un prestito con diritto di riscatto, la #Juventus chiede 35 milioni @cmdotcom pic.twitter.com/Q67xjtlDXQ
— Daniele Longo (@86_longo) January 4, 2022