Дефанзивецот на Нант Диего Карлос од денес и официјално е нов член на Севиља, потврди шпанскиот клуб.
26-годишниот бразилскиот стопер оваа сезона одигра 40 мече за Нант и постигна еден гол, а денес простигна во Шпанија на лекарски прегледи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Карлос денес потпиша 5-годишен договор со клубот од Андалузија, кој за неговиот потпис на францускиот клуб му плати 12 милиони евра.
Нант го купи Карлос пред три години од Ешторил за 1,3 милиони евра, па оствари одлична заработка од неговата продажба.
? #SevillaFC have reached an agreement with @FCNantes for Diego Carlos. ?? #vamosmiSevilla #WeareSevillahttps://t.co/fzzEHmJZYK
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) May 31, 2019