Дома Фудбал Севиља ги шокираше Мадриѓаните, Гризман постигна еден од најубавите погодоци оваа сезона (ВИДЕО)

Севиља ги шокираше Мадриѓаните, Гризман постигна еден од најубавите погодоци оваа сезона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Севиља се првите полуфиналисти во Купот на Кралевите бидејќи вечерва славеа над Атлетико Мадрид по вторпат.

Севиља на домашен терен славеше со 3:1, односно мина во полуфиналето со вкупни 5:2.

Веќе во 25. секунда, Мадриѓаните беа шокирани, откако домашните дојдоа до водство преку Ескудер

Атлетико мораше да оди на се или ништо, па веќе во 13. минута, Гамеиро му асистираше на Гризман за израмнување на 1:1, погодок кој дефинитивно е еден од најдобрите оваа сезона.

Банеге во 47. минута преку пенал и донесе ново водство на Севиља, додека пак, конечниот резултат го постави Сараби во 79. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер на векот на Баерн кој тешко дека некој ќе ја надмине!

Баерн го доведе Мусијала летото 2019 година од младинската школа на Chelsea за само 200.00…