Дома Фудбал Саутгејт: A размислував да го заменам Белингем…

Саутгејт: A размислував да го заменам Белингем…

Англија ја победи Словачка со 2:1 во неверојатен натпревар од осминафиналето на Европското првенство и се пласираше во четврт-финалето каде ќе игра против Швајцарија.

Словачка поведе со голот на Иван Шранц во 25. минута и водеше до судиското надополнување. Но, потоа во четвртата минута израмни Џуд Белингем со ножички, а во првата минута од продолжението Хари Кејн погоди за голем пресврт. Еве што селекторот имаше да каже за Би-Би-Си по драматичната победа.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


„Толку сум горд на играчите и духот што го покажаа. Сите кои играа ни помогнаа и тоа ја направи разликата. Белингем? Фантастично. Размислувавме дали треба да го замениме, но знаевме дека е способен за тие моменти. Кејн е извонреден стрелец, тој беше исклучителен како капитен и ни помогна да ја одржиме стабилноста“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Турција со два идентични гола до четвртфинале🎥

Репрезентацијата на Турција е последниот четвртфиналист на ЕП откако ја совлада Австрија с…