Дома Трансфер зона Саул Нигез бара трансфер во Манчестер Јунајтед

Саул Нигез бара трансфер во Манчестер Јунајтед

Играчот за врска на Атлетико Мадрид го притиска раководството да го пуштат да направи трансфер во Манчестер Јунајтед ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


26-годишниот Шпанец веќе подолго време е трансферна цел на „црвените ѓаволи“ кои минатата година направија конкретен обид да го донесат на „Олд Трафорд“.

ПСЖ и Јувентус исто така покажуваат интерес за Саул Нигез, но фудбалерот преферира преселба во Манчестер Јунајтед.

Солскјер како приоритет постави доведување на нов играч за врска, со оглед на фактот што Хуан Мата и Немања Матиќ сигурно ќе го напуштат „Олд Трафорд“ ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…