Дома Трансфер зона Саудијците тргнаа и по Дибала

Саудијците тргнаа и по Дибала

Паоло Дибала успеа да ја освои Лигата на Европа со Рома, сезоната во Рим му беше добра ако се изостават повредите кои го мачеа и претходно во Јувентус.

„Ла Хоја“ има клазула според која може да замине во клуб надвор од Серија А за 12 милиони евра, се шпекулираше за клубови од Премиер лигата, но не се случуваше ништо сериозно. Сега на вратата наводно „тропнале“ Саудијците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дибала веќе има 30 години и тешко може да се врати на најголемата сцена затоа што најголемите клубови не се заинтересирани поради малиот број на натпревари кои ги одигра во изминатите сезони.

Во Рома, Дибала пристигна како слбооден играч по седум години во Јувентус кој не сакаше да му понуди поголема плата баш поради честите повреди. Се поврзуваше со Милан и Интер, меѓутоа заврши кај Мурињо со плата од 4.5 милиони евра.

Не се открива името клубот, но се наведува дека платата би му била трипати поголема. Рома нема да игра во Лигата на шампионите, повторно ќе биде дел од Лигата на Европа, а за Дибала ова можеби е прилика да добие договор каков што не би имал шанса подоцна, ако остане во Европа не би бил ниту блиску.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…