Менаџерот на Челзи, Мауруцио Сари имаше што да каже на тема ВАР во Англија.
Вчерашниот натпревар од Карабао купот помеѓу Тотенхем и Челзи покажа дека судиите на Островот се уште не знаат да ја користат баш најдобро новата технологија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челзи според многумина беше оштетен на „Вембли“, а Сари им порача на судиите да научат да го користат ВАР системот.
„Кога ВАР системот беше воведен во Серија А тоа беше вистинска катастрофа. Грешки колку сакате, но со време судиите постепено учеа од грешките и сега веќе не е така. Во Англија судиите се уште не се спремни да ја применуваат оваа технологија“.
„Не е проблем тоа што Хари Кејн беше во офсајд при постигнувањето на голот, проблем е што линискиот судија го подигна знаменцето и така им го одвлече вниманието на нашите дефанзивци кои помислија дека повеќе нема опасност. Сигнализиран беше офсајд, а потоа досуден пенал“.
„Судиите треба добро да ги научат правилата на користење на оваа технологија, во спротивно истата ќе има спротивен ефект“, изјави Сари.