Дома Фудбал Италија Сари: Како може да ги победиме Интер и Рома, а да губиме од Болоња и Верона?!

Сари: Како може да ги победиме Интер и Рома, а да губиме од Болоња и Верона?!

На Маурицио Сари не му е јасно како неговиот тим може да победи посилни тимови, а губи од послабите.

Лацио влезе во гриза во последните натпревари и на четири натпревари „орлите“ освоија само еден бод. После последниот пораз од Верона, убедлив со 1:4 Сари го критикуваше тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не смееме да си дозволуваме вакво нешто. Не ми е јасно како овој тим може да ги победи Рома и Интер, а потоа да губи од Болоња и Верона. Таквата ситуација ме натера да мислам дека имаме сериозен недостаток на менталитет. Пред натпреварот со Верона се договоривме дека не чека многу важен дуел, но на крајот се се сруши. Верона доминираше“, изјави Сари.

Утре Лацио ќе се сретне со Фиорентина во рамките од 10. коло во италијанското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…