Maурицио Сари вчера пропушти против поранешниот клуб да го освои првиот трофеј со Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во финалето на италијанскиот куп Наполи го победи Јувентус после изведувањето на пенали откако во регуларниот дел беше 0:0. За Јувентус ова беше втор натпревар во низа по паузата во кој „старата дама“ не успеа да постигне гол.
Сари ги критикуваше играчите по натпреварот.
„После натпреварот не зборував многу со играчите. Бев бесен и разочаран како и тие, во такви моменти најдобро е да молчите. Ни недостигаше експлозивност за да бидеме опасни, не пронајдовме решение“, изјави Сари па заборуваше конкретно за Роналдо.
„Му недостига физичка спремност, не е играчот кој сме навикнати да го гледаме и кој секогаш се прави најдобро. Ист проблем имаат Дибала и Коста“, објасни стратегот на Јувентус.