Денеска низ медиумите во Англија и Италија се пренесе информацијата дека агентот на Сари е во Лондон, а наводно за неговите услуги се заинтересирани Челси, Арсенал и Тотенхем, па се претпоставува дека преговара со еден од овои тимови за можна соработка.
Сари веројатно ќе го напушти Наполи, поради лошите односи со претседателот на клубот. Неговата клазула во договорот е осум милиони евра, што за овие клубови не претставува проблем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, како што пренесува италијански “Premium Sport HD“, десната рака на Сари, Алесандро Пелегри, се наоѓа во Лондон на преговори со управата на Челси.
Роман Абрамовиќ ќе ја прекине соработката со Антонио Конте, а на негово место сака да го донесе италијанецот од клупата на Наполи и спремен е да му ги исполни сите желби.
Имено, на Наполи ќе му биде платена клазулата од осум милиони евра за неговите услуги, а тренерот ќе добие двегодишен договор тежок пет милиони евра по сезона.
Од Челси се подготвени да платат 150 милиони евра за две засилувања, исто така од Наполи, милениците на Сари, Кулибали и Хисаја.