Mенаџерот на Челзи, Маурицио Сари пред натпреварот со Кристал Палас зборуваше за статусот на својот најважен фудбалер, Еден Азар кој често пати се поврзува со Реал Мадрид.
Италијанскиот стратег смета дека сите шпекулации околу наводниот трансфер на Азар во Реал Мадрид треба да се решат што побрзо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не знам дали Азар ќе остане, но време е да донесе одлука. Јас сум менаџер, не сум претседател на клубот. Не сум задолжен за трансфер пазарот, ја сум само тренер. Со него зборувам за работите на теренот. Мислам дека тој проблем мораме да го решиме“, изјави Сари.
Азар во Челзи настапува од 2012 година, а со овој клуб освои две титули во Премиер лигата, ФА Куп, Лига Куп и Лига Европа. Белгиецот за својот статус зборуваше после натпреварот на „Боксинг деј“ против Вотфорд (2:1).
„Фокусиран сум на она што се случува на теренот. За другите работи ќе зборуваме на крајот од сезоната“, гласеше изјавата на Азар.