Еден Азар веќе подолго време се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид, а сега на оваа тема зборуваше и тренерот на Челзи, Италијанецот Маурицио Сари.
Во фудбалската јавност повеќе не е тајна дека Азар сака да заигра за Реал Мадрид, тоа и самиот го потврди неколку пати. Договорот на Белгиецот со Челзи истекува наредното лето и поради се што се случува се погласни се шпекулациите дека ќе си замине.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Еден има 28 години. Ако сака да замине, нека си замине. Секако дека се надевам дека тоа нема да се счучи бидејќи има потенцијал да стане најдобар во Европа. Моја работа е да му помогнам да напредува, за другото има луѓе задолжени во клубот“, изјави Азар.
https://www.youtube.com/watch?v=Ccfm-oLcGmo