Дома Трансфер зона Санчез може да остане во Серија А и следната сезона

Санчез може да остане во Серија А и следната сезона

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој оваа сезона игра во Интер, Алексис Санчез може од следната сезона да игра во друг клуб од Серија А, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чилеанецот е на позајмица во Интер до крајот на сезоната и повторно ќе се врати на „Олд Трафорд“, но јасно е дека таму нема повеќе место за него.

Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Санчез, а таквата ситуација ќе се обиде да ја искористи Рома, која исто така го сака напаѓачот на позајмица.

Санчез има договор со Јунајтед, па доколку прифати помала плата, Рома е спремна да го откупи следното лето.

Оваа сезона Санчез има одиграно 15 меча за Интер на кои постигна 1 гол и запиша 3 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…