Селекторот на Аргентина, Жорге Сампаоли, излезе пред медиумите после елиминацијата од Франција на Мундијалот во Русија.
„Гаучосите“ загубија во фантастичен натпревар против Франција со резултат 4:3, а и покрај очајните настапи, во групната фаза Сампаоли нема намера да си замине од селекторската функција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Се уште е рано за било какви анализи, но немам намера да заминам“, соопшти Самполи и продолжи:
„Болно е да бидете елиминирани од Светското првенство, посебно кога ќе знаете дека играчите дале се од себе на теренот. Дадовме се од себе верувавме дека можеме да поминеме, но на крајот не успеавме“.
Сампаоли смета дека овој пораз ќе го направи подобар тренер.
„Ова ќе ме направи подобар тренер. Дојдов со големи амбиции, верував дека можеме да го освоиме Мундијалот и навистина сум фрустриран“, заврши Сампаоли.