Дома Фудбал Останато Само еден клуб од топ 5 лиги е полош од Реал во овој момент и тоа француски – Дижон!

Само еден клуб од топ 5 лиги е полош од Реал во овој момент и тоа француски – Дижон!

real dijon

Tешко е да се најде во овој момент тим во најсилните пет лиги кој е полош од Реал Мадрид, односно кој е во полоша форма, но сепак постои еден.

Педантните статистичари стигнаа до податок дека француски Дижон е единствниот тим кој е во полоша форма од Реал Мадрид во последно време.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дижон е 473 минути без постигнат гол, што е 28 повеќе од Реал кој врза четири натпревар без да ја затресе противничката мрежа, што воопшто не е својствено за клуб каков што е Реал Мадрид.

Дижон последен пат постигна гол на 15 септември во поразот од 3:1 против Анжерс, а потоа запишуваа порази од Лион 3:0, Стразбур 3:0 и Амиен 1:0.

Кога во прашање е Реал Мадрид, овој викенд се поразени од Алавес со 1:0, претходно од ЦСКА со истиот резултат во Лигата на шампионите, Севилја ги победи со 3:0, а во градското дерби против Атлетико одиграа 0:0.

Последниот гол Реал го постигна против Атлетик (1:1) на „Сан Мамеш“, исто како и Дижон на 15-ти септември.

Интересно е што и покрај ваквата криза Реал заостанува само еден бод зад лидерот Севиља, додека Барселона и Атлетико имаат само бод повеќе. Тоа е така затоа што и

Барселона е во сериозна криза во Ла Лига, но Каталонците за разлика од избраниците на Валверде барем постигнуваат погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона има две главни мети за летниот преоден рок

Во Барселона по неуспешната сезона размислуваат за засилувањата за следната сезона и веќе …