Дома Трансфер зона Само еден клуб е опција за Гризман?!

Само еден клуб е опција за Гризман?!

grizman

Французинот проговори иако потврди сеуште не стигнале и сега се упатува на еден клуб, а за некого тоа се лоши вести…

Полека но сигурно станува јасно дека Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот од сезоната, а во својата автобиографија тој истакна дека не би имал ништо против трансфер во Англија и дека себе си може да се види во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неодамна на големо се поврзуваше со Барселона, сите светски медиуми пренесуваа дека Гризман преминува на „Ноу Камп“ идното лето и тоа за сума од 100 милиони евра. Но, сепак сега се појавуваат нови информации кои говорат дека Гризман не е сигурен дека во Барселона би имал станрдно место во првиот тим.

Реал исто така го сака Гризман, како и ПСЖ, меѓутоа тој не сака да ги предаде навивачите на Атлетико, а веќе истакна дека Франција за него не е опција.

Останува само Манчестер Јунајтед, каде што ќе го пречка пријателот Погба, но и Мурињо кој наводно му ветил на Французинот дека ќе биде дел од стартниот тим.

Поради тоа Јунајтед би можел да го продаде Хенрик Микхтаријан или пак да го понуди на Атлетико како дел од понудата за Гризман.

Сепак, сето ова е само во рамките од шпекулации, сеуште никој не ги демантирал големите тврдења дека Гризман преминува во Барселона идното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…