Дома Топ вести Само детали го делат Погба од Јувентус

Само детали го делат Погба од Јувентус

Како што пренесуваат најпознатите италијански медиуми, трансферот на Пол Погба во Јувентус е завршена работа.

Преговорите со агентката на играчот Рафаелa Пимента се во завршна фаза и останува да се разјаснат само последните детали за да се комплетира трансферот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако вчера се појавија информации дека ПСЖ може во последен момент да го „украде“ Французинот, сепак трансферот е договорен и е само прашање на време.

Погба ќе потпише 4-годишен договор со „старата дама“ и годишна ќе заработува 8 милиони евра плус 2 милиони како бонуси.

Како што е познато, тој играше во торинскиот гигант во периодот од 2012 до 2016 година, каде и ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…