Реал Мадрид во саботата ја освои својата 35. титула шампион на Шпанија.
Тимот на Карло Анчелоти доминираше во Ла Лига оваа сезона и на крајот заслужено стигна до титулата. Во среда Реал ќе се обиде да дојде и до финалето во Лигата на шампионите откако во првото полуфинале „кралевите“ изгубија од Манчестер Сити со 4:3 на гостински терен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Марка“ времето до натпреварот го искористи да направи една кратка истрага за да види кој се му честиташе на Реал за шампионската титула. Така шпанскиот медиум дојде до заклучок дека Атлетико Мадрид и Осасуна се единствените два клуба од Ла Лига кои не им честитале на „кралевите“.
Исто така се истакнува дека Атлетико не му честитал ниту на Бетис за освојување на кралскиот куп неодамна, а на Реал му честиташе и Рајо Ваљекано, клуб на кој навивачите не го сакаат Реал. Барселона помеѓу првите ја испрати својата честитка до Реал.