Освојувањето на Лигата на шампиони и Премиер лигата во рамките на една година, не го тера Мохамед Салах да мисли на напуштање на Ливерпул.
Напротив, Египќанецот истакна дека е многу среќен во Ливерпул и сака да остане што е можно подолго.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Не можам да ја опишам радоста за освоената титула после цели 30 години чекање. Многу сум среќен. Уживам во се откако сум во Ливерпул. Го сакам овој клуб и се надевам да останам што е можно подолго“, истакна Салах.
„Ако продолжиме да играме вака можеме да постигнеме многу повеќе. Тешко е да се задржи сегашното ниво, но не е невозможно“, додаде Салах.
Салах е веќе три водини на „Енфилд“ каде до сега одигра 145 натпревари на кои постигна 92 гола.