Дома Трансфер зона Салах се поблиску до заминување, Ливерпул има 100 милиони евра за две засилувања?

Салах се поблиску до заминување, Ливерпул има 100 милиони евра за две засилувања?

Ливерпул влегува во нова ера, се чини дека сега се прават најважните чекори бидејќи преодниот рок ќе одлучува за позицијата на клубот од „Енфилд“ на крајот од следната сезона, се очекува да се направат неколку добри потези а веќе се започнати преговори со голем број играчи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Арне Слот има свои желби, а Ричард Хјуз, спортскиот директор на клубот, има многу работа.

Последното име што се споменува е Јанкуба Минтех, момче од Гамбија, кое претходната сезона ја помина со Слот во Феенорд.

Овој играч беше на позајмица од Њукасл, а Слот по секоја цена го сака во Ливерпул бидејќи е многу млад (19) крилен напаѓач кој ги има квалитетите кои Слот му одговараат на неговиот систем на игра.

Неговата цена не е мала, „страчките“ бараат околу 50 милиони евра, но поволна околност за Ливерпул е тоа што Њукасл има проблеми со финансискиот фер-плеј.

Слот сака и играч од средниот ред и го следи Едерсон од Аталанта кој исто така има цена од околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…