Не требаше долго да се чека за Мохамед Салах да се огласи откако светските медиуми објавија дека ја напуштил репрезентацијата на Египет.
Фараоните не поминаа онака како очекуваа на СП, а после неуспехот разочаран беше и Салах, кој наводно после натпреварот одлучил да ја напушти репрезентацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се пишуваше дека Салах не бил задоволен од атмосферата која владеела во тимот и затоа одлучил да не настапи против Саудиска Арабија, но сето тоа брзо го демантираше фудбалерот на Ливерпул.
„Сите во репрезентацијата на Египет сме заедно и апсолутно нема конфликти меѓу нас.“ – напиша Салах на својот Твитер профил.
Да потсетиме, Египет после поразите од Уругвај и Русија остана без шанси да се пласира во осминафиналето на Светското првенство.