Бомбастичното интервју а Кристиано Роналдо не престанува да ја бранува јавноста, особено поради фактот што е објавувано на делови.
Во интервјуто кај Пирс Морган тој удира по соиграчите, тренерите но и обвинува дека Манчестер Јунајтед како клуб не напредува и не ги следи новите трендови и технологии.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Од играчите на Јунајтед, можам позитивно да издвојам само тројца. Диого Дало е многу професионален иако е млад и не се сомневам дека ќе има долга кариера. Тој е паметен, интелигентен и многу професионален. Позитивно можам да ги оценам и Лисандро Мартинез и Касемиро“, изјави Роналдо.
Португалецот потоа потврди дека бил многу блиску до трансфер во Манчестер Сити.
„Па, искрено трансферот во Сити беше пред реализација. Гвардиола исто така потврди дека сакал да ме доведе во својот тим. Но, како што знаете мојата историја е во Манчестер Јунајтед. Моето срце направи разлика и нормално, Алекс Фергусон. За жал видов дека Јунајтед не напредувал воопшто, како што тоа го прават другите клубови. Во Реал и Јувентус се следи еволуцијата, технологијата, но Јунајтед не“, изјави Роналдо.