Тоа што се најавуваше во текот на денот сега и официјално – Русија е исклучена од светскиот фудбал!
Поради руската инвазија во Украина која трае веќе пет дена ФИФА заедно со УЕФА донесе одлука Русија да биде исклучена од Светското првенство во Катар. Освен тоа на сите клубови од Русија им е забрането на неодредено време да играат во европските натпревари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ќе потсетиме, ФИФА донесе одлука да и забрани на Русија да игра под своето знаме и без химна, а за баражот од СП им порачаа да играат на неутрален терен. Сепак Полска веднаш излезе со реакција дека во никаков случај не сака да игра против Русија, истото го направи и Шведска. Без разлика како се вика тимот тие не сакаа да играат.
Сепак, сега таа е промената и донесена е по ригорозна казна.